Регистрација за дата база

Драги претставници на граѓанското општество,

 

Во рамки на овој прашалник, Вашата организација може да избере дали ќе пристапи и ќе биде дел од базата на организации кои ја сочинуваат платформата на структурниот дијалог на ЕУ.

 

До базата може да се пристапи преку веб платформа www.dijalogkoneu.mk

 

Со регистрацијата, вашата организација ќе добие пристап до најактуелните информации за преговарачките тимови, секторските работни групи и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

 

Исто така, вашата организација на редовна основа ќе добива можност за учество на консултации, работилници, конференции, јавни форуми и други актуелни активности кои се директно поврзани со пристапувањето кон ЕУ и креирањето на секторските политики и активности кои се директно поврзани со пристапувањето кон ЕУ.