ПРАШАЛНИК ЗА НАСТАВНИЧКИ И НАСТАВНИЦИ


Почитувани наставнички и наставници,

 

Здравствената криза поврзана со КОВИД-19, неизбежно, го измени начинот на кој се реализира воспитно-образовниот процес после 10 март. Со затворањето на училиштата се измени начинот на кој се реализираат училишните активности и сите учествувавме во прилагодувањето на ново настанатата ситуација, со користење на ресурсите кои беа достапни.

 

 

Ова истражување има за цел да сумира со какви сѐ предизвици моравте да се соочите овој период и како сметате дека треба да се продолжи понатаму.

 

Идните политики и насоки поврзани со наставата на далечина, и наставата во време на епидемија ќе се водат од вашите искуства, потреби и предизвици со кои сте се соочиле. Оттука, за да извлечеме валидни заклучоци и препораки ве молиме да ги споделите вашите размислувања и искуства. Вашите одговори на овој прашалник се анонимни.

 

 

Истражувањето го реализира Реактор –Истражување во акција со поддршка на УНИЦЕФ и во координација со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.