2020 11 Прашалник за граѓанските организации и нивното искуство со граѓанско учество

Драги претставници на граѓанските општество,

 

Ви пристапуваме со овој прашалник бидејќи вашите податоци се наведени за контакт во достапните бази за граѓански организации. Ова истражување се спроведува во рамки на проектот Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите, за потребите на истражување на учеството на граѓанското општество во процесите во нашата земја.

 

Прашалникот содржи прашања кои имаат за цел да го мерат учеството на граѓанските организации, синдикатите, коморите и другите видови на граѓанско организирање во процесите за креирање на политики и активности на државните органи. Самиот прашалник е поделен во неколку дела, прво во условите кои се сега пред нас, односно временскиот период од почетокот на Ковид - 19 кризата. Потоа на периодот пред Ковид - 19 кризата, и на крај со генералното ваше искуство и учество во процесите. За пополнување на прашалникот потребни се дваесетина минути. Вашето учество во истражувањето е доброволно, добиените податоци ќе бидат прикажани во агрегатна форма, што ја гарантира вашата анонимност. Една организација може одговори на прашалникот само еднаш и ве замолуваме да не го пополнувате повеќе пати како организација. За било какви прашања, слободно контактирајте нѐ на cso.dialogue@fosm.mk

 

За нас е од големо значење да го слушнеме вашето мислење. Ви благодариме однапред за одвоеното време за пополнување на прашалникот како и за вашата поддршка.